Михал Кирхнер се раѓа како мимикрија на неговите хомосексуални родители. Неговото раѓање има за цел да ги прикрие склоностите на неговиот татко хомосексуалец и мајка лезбејка од службите на комунистичкиот режим. Уште од најраното детство Михал станува сведок на оргиите што во домот ги организираат неговите родители. Подоцна Михал созрева во млад маж, кој презира практично сѐ што го опкружува: луѓето, работата, Братислава. Потрагата по лесна работа со голема заработка ја завршува со успех. Започнува кариера како маж за придружба. Дознава сѐ за жените, освен едно: како е навистина да се биде жена?