
Меката димензија на парите, која не се гледа, може да ве направи навистина богат човек.
Старото сфаќање за образованието, да бидеме примерни и послушни и да имаме петки за да бидеме финансиски успешни, одамна не функционира.
Многу принципи за финансиска независност не се учат само преку сопственото искуство. Сега, благодарение на оваа книга, добиваме скапоцени лекции од еден бизнисмен кој несебично ги открива своите знаења за меката димензија на парите. Преку практични примери, тој нуди конкретни упатства за промена на погрешните ставови и за правилно однесување со парите, што ќе ви овозможат целосно самоостварување.
Алчноста и носењето емотивни, наместо разумни одлуки, може да доведе до финансиска катастрофа. Затоа, разберете го новиот применлив начин на деловно планирање произлезен од искуството. Ако знаете како размислуваат парите, никогаш нема да дозволите тие да размислуваат за вас.
Откријте како да стигнете до сите форми на материјалното богатство, за да го постигнете нематеријалното и да уживате во него.