Двајца писатели со компликувано заедничко минато стануваат дел од сценаристичкиот тим на нова ТВ-серија. Ќе успеат ли да си напишат нов крај? Хелен Џанг не го видела Грант Шепард тринаесет години – уште од оној трагичен инцидент што засекогаш ги поврза нивните судбини и го избриша Грант од нејзиниот свет. Денес Хелен е авторка на бестсе- лери по чии книги се подготвува телевизиска адаптација, а приклучу- вањето кон сценаристичкиот тим е спас од креативната блокада во која запаѓа. Лос Анџелес е долго посакуваниот нов почеток… Никој во Холивуд не ја познава. Освен… Грант е токму таков како што го памети – шармантен, духовит, омилен меѓу сите. Но заедничката работа отвора рани што никогаш не заце- лиле. И покрај електричниот набој меѓу нив, двајцата мора да си при- знаат дека ова никогаш не било – и нема да биде – љубовна приказна. Но сепак… можеби единствениот начин да се помират со минатото – и со себеси – е да останат заедно во сегашноста.