Знам што чувствуваш

Знам што чувствуваш

Цена
ден 299.00
Цена со попуст
ден 299.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Што ако ме дели само еден клик до твоите чувства?

Хана е млада и амбициозна девојка која заедно со својот тим макотрпно работи на развој на иновативна апликација. Во последните пет минути пред полноќ, успева да го испрати проектот и со тоа , преку потесниот избор, ѝ обезбедува на својата компанија учество на интернационална конференција во Шведска. Целиот тим ги полага своите надежи во нејзината презентација на големата сцена во конференциската сала. Но апликацијата што ќе ја претстави Хана крие нешто многу повеќе од технолошка иновација. Станува збор за уникатен детектор на чувства и состојби на користикот. Но, што се случува кога ќе се премине линијата и ќе се влезе во недозволеното?

Во Шведска, Хана го запознава шармантниот Бен и подлегнува на искушението да ја злоупотреби апликацијата за да дознае што навистина тој чувствува. „Знам што чувствуваш“ е духовита и романтична комедија која потсетува дека технологијата можеби може да ги прочита емоциите, но љубовта е таа која секогаш ги диктира правилата на срцето.