
Што веќе ве чинеше себесомневањето во животот?
Замислете што би сториле кога ЦЕЛОСНО би верувале во СЕБЕСИ? Кога ќе престанете да се сомневате во сопствената величина, кога ќе изградите нескршлива самодостојност и кога ќе прифатите кои сте, ќе си го преобразите целиот живот! ДОСТОЈНИ ве учи како да го сторите тоа низ едноставни чекори кои ќе ве доведат до резултати што го преобразуваат животот!
„Во животот не се издигате високо до нивото на вашите надежи и сништа, туку останувате заглавени на нивото на вашата себедостојност. Во вашиот бизнис, предводништво, лични врски, пријателства и амбиции не се издигате до она што верувате дека е можно, туку паѓате до она за што верувате дека сте достојни. Кога ја градите вашата себедостојност, го менувате сиот свој живот. ДОСТОЈНИ ве учи како да го сторите тоа. Книгата ДОСТОЈНИ ја напишав за ВАС, за самите да го уништите себесомневањето и да ја исполните својата животна судбина!“ – Џејми Керн Лима
ВО ДОСТОЈНИ ЌЕ НАУЧИТЕ…
… како да се ослободите од заробеноста со нешта кои ве задржуваат назад, како да изградите нескршлива љубов кон себеси, како да ги избришете од наученото оние лаги кои ве наведуваат да се сомневате во себеси, како да ги прифатите оние вистини кои ќе го разбудат во вас чувството на достојност, како да престанете да ја придушувате сопствената светлина и да се сомневате во сопствената величина, како да се ослободите од грешките од минатото и повторно да ја вратите самодовербата, како да ги надминете убедувањата кои ве ограничуваат и да ги олицетворите оние кои ви даваат сила, како да го елиминирате својот страв од отфрлање и од неуспех, како да научите да верувате дека сте доволни токму какви што сте, како да го преобразите значењето кое го давате на сопствената приказна и идентитет, како да ја следите картата на патот кон остварувањето вистинска исполнетост во животот, како да ги остварите вашите надежи и сништа така што ќе верувате дека сте достојни за нив, како да ја прифатите личноста која навистина сте, и уште многу други нешта ...
Ако некогаш сте се бореле со себесомневањето, ако сте чувствувале дека го немате она што се бара … или дека не сте доволни онакви какви што сте навистина, па дури и ако навистина добро го криете сето тоа од светот – ДОСТОЈНИ е книга за вас. Ако досега ги потценувате својот талент и дарби, или се борите против синдромот на натрапник, ДОСТОЈНИ е книга за вас. Ако досега им дозволувавте на стравот и на отфрлањето да ве задржуваат, ДОСТОЈНИ е книга за вас. Ако сте научиле да им удоволувате на другите до толку што на крај се изневерувате себеси, ДОСТОЈНИ е книга за вас. Ако ви се смачи од тоа колку досега во животот веќе ве чинело себесомневањето, во смисла на вашите цели, на вашите врски со другите, на вашите надежи и сништа, ДОСТОЈНИ е книга за вас! Ако сте подготвени да ја засилите љубовта кон себеси, да ја разгорите довербата во себеси и да ја разбудите само вашата вредност, ДОСТОЈНИ е книга за вас!
Кога ќе го промените мислењето во кое верувате за што сте достојни, ќе го промените целиот живот.
Оваа книга ви покажува како да го сторите тоа.