Дали си подготвена да постигнеш резултати и достигнувања до највисокото ниво на успехот - дури и повисоко?
Планер кој ќе те води низ еден мал дел од твојот живот, роковник кој ќе биде твојот личен асистент до позитивната промена, мотиватор и ризница на твоите планови кон нивната реализација.
Што ќе најдеш внатре?
- Листа за твоите главни цели и приоритети + работи што сакаш да ги направиш за првпат;
- Потсетници за личното здравје - направи ги сите задолжителни годишни прегледи;
- Фитнес план и дневен предизвик;
- Прочитани книги; изгледани филмови и серии; Следи ја твојата омилена серија по сезони. Филмови кои сакаш да ги гледаш во кино и претстави кои сакаш да ги проследиш во театар;
- 12х месечни финансиски планови со детален извештај за вкупните приходи и расходи, месечна заштеда и инвестиција;
- 12х месечни планови со фокус и цели, месечни приоритети, книги што сакаш да ги прочиташ, филмови што сакаш да ги изгледаш, навики што сакаш да ги стекнеш;
- Простор за твоите мисли и идеи
- Неделен приказ x54 (позитивна афирмација, неделни приоритети, простор за благодарност, причина за прославување и искрена насмевка, навики за успех и неделни желби;
- Авантури и патувања омилени посетени места, дестинации кои сакаш да ги посетиш, планирани места за викенд бегства и авантури што сакаш да ги доживееш;
- План за патување подготовки за патувањето и дневник за патување за крајот на твоето патување: опиши го патувањето, местата што ги посети, што најмногу те воодушеви, што понесе дома од тоа патување и сл.;
- Белешки и
- Поважни контакти.
Димензии: А5
Дебелина на хартија: 100гр. италијанска хартија ; тврда корица со спирали.
Број на страници: 240 стр.
Планерот е достапен во 2 дизајни.
The right little assistant every successful woman needs. | RENDEZVOUS