Ниедно општество не може да се разбере себеси без да го погледне оној дел од своето лице што е во сенка.
Сите болести и зависности потекнуваат од некаква болка. Популарниот лекар и експерт за траума Габор Мате нуди трансформативен пристап за разбирање на нарушувањата што водат кон зависности и болести, а го покажува и патот на закрепнувањето.
Преку докажани студии врз случаи, користејќи најсовремени невропсихијатриски истражувања и јасна анализа, д-р Мате покажува како личното минато, емоционалниот развој, хемијата на мозокот, социјалните услови и општествените фактори влијаат врз човековите состојби. За разлика од сè што сме чуле и прочитале досега, тој се залага за хуман и сочувствен пристап насочен кон личноста, а не кон казна, стигма и изолација, кои само ги влошуваат работите. Револуционерно преформулирање на досегашните бесполезни практики за исцелување на духот.
Храбра книга за сложеноста на човековата природа во која емоциите и разумните мисли си противречат во мачната борба што ја водиме секојдневно. Хроника на актуелните социјални проблеми, сигурен ориентир и патоказ кон поздрав и почист живот.
„Врските што Габор Мате ги создава меѓу исконското лично и глобалното, духовното и медицинското, психолошкото и политичкото – се смели, мудри и длабоко морални. Тој е исцелител кој заслужува доверба и благодарение нему, оваа возбудлива книга доаѓа во вистинско време.“
Наоми Клајн