Балот на лудите жени

Балот на лудите жени

Цена
ден 400.00
Цена со попуст
ден 400.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.

Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.

Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…