Бакнеж под поларната светлина (промотивна цена до 18.11)

Бакнеж под поларната светлина (промотивна цена до 18.11)

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
ден 520.00
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Може ли еден бакнеж да стопи едно студено и скршено срце? 

Кога Клои Белами, целосно посветена на својата кариера, во последен момент е испратена на службено патување во Исланд, добива совршена можност да докаже дека заслужува место на самиот врв. 

Има само еден проблем: можеби малку ја разубавила својата работна биографија, наведувајќи дека зборува исландски. А, всушност не зборува. И како тоа да не е доволно, пристигнува во Исланд без да има каде да престојува. 

Гунар Ериксон, пак, како секогаш да се наоѓа таму каде што некому му е потребна помош. Најпрво спасил младо момче од река од лава. Потоа ги отворил вратите на својот дом за една темпераментна осумдесетгодишна жена, која некако постојано успева да се најде во неволја. А, сега на неговиот пат се појавува и Клои, на која помошта ѝ е повеќе од потребна. 

Ниту еден од нив не бара љубов, но под магијата на Исланд и со мала помош од луѓето околу нив, нешто почнува да се менува. Може ли еден бакнеж под поларната светлина да промени сè? 

Овој Божиќ, отпатувајте во Исланд и препуштете ѝ се на празничната магија, на неочекуваните пријателства, а можеби и на една нова шанса за љубов. 

Што велат читателите за книгите на Менди Багот:  

„Менди Багот во своето најдобро издание – совршена мера на емоции, хумор и романтика. Книга што мора да се прочита!“ - Сенди Баркер 

„Го обожавав секој момент од оваа книга... веднаш оди на полицата „Мои омилени“ и таму ќе остане ЗАСЕКОГАШ... 10 од 5 ѕвезди.“ 

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1600 ДЕН. ✔️ Добиј ја „Исчезнат во лет“ од Одри Џ. Кол како ПОДАРОК за сметка над 2500 ден.