Анксиозната генерација

Анксиозната генерација

Цена
ден 590.00
Цена со попуст
ден 590.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Генерацијата З стана жив експеримент на еден радикално нов начин на растење. Родителите имаат чувство дека ги губат своите деца.
 

Преголема заштита на погрешни места, од една страна, и постојани виртуелни закани од друга – ова е светот на анксиозната генерација. Преку провокативно и проникливо истражување, Џонатан Хајт ја покажува потребата од пресврт и нуди јасен пат кон похумано детство. Какви се последиците од онлајн детството без игра и непосредно дружење што започнува од 1980-тите, а особено се шири од 2010 година? Децата и младите, чиј мозок сè уште се развива, не можат да се справат со споредбите и перфекционизмот што се пласираат на социјалните платформи, а ниту со подмолните онлајн манипулации и малтретирање. И затоа постојано расте бројот на ментални болести кај нив – од депресивност, преку анорексија, до самоубиства.

Освен загрижувачките факти и дијагностицирањето на проблемите, Хајт нуди низа едноставни правила што можат да нè ослободат. Практичните чекори на родителите, наставниците и училиштата, дури и без директно вклучување на технолошките компании и на владите, можат да спречат колапс и да го вратат природниот начин на растење. Крајно време е да ја кренеме главата од паметните телефони и да престанеме да ги игнорираме наодите од истражувањата. Само ние – секој од нас и сите како заедница – можеме да ја спречиме епидемијата на ментални нарушувања што ги зафаќа нашите деца.

„Итно и суштинско четиво. Треба да биде базична книга за движењето што ги чува телефоните подалеку од училиштата, а децата подалеку од социјалните медиуми.“

Софи Мекбејм, Гардијан

„Во светот што излезе од колосек, Хајт го претвора здравиот разум во радикална мисија.“

Бари Вејс, Фри прес

 

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1600 ДЕН. ✔️ Добиј ја „Службено патување“ како ПОДАРОК за сметка над 2500 ден.