1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел од темна лондонска уличка, Нела го чека својот најнов клиент. Некогаш почитувана исцелителка, сега го користи своето знаење за мрачна цел - им продава добро прикриени отрови на очајни жени, кои би убиле за да се ослободат од мажите во своите животи.
Правило бр. 1: Отровот никогаш не смее да се користи за да се повреди друга жена.
Правило бр. 2: Имињата на убиецот и жртвата мора да бидат запишани во дневникот на аптекарката.
Кога ќе се покаже дека нејзиниот нов клиент е дванаесетгодишно девојче по име Елајза, неочекуваното пријателство започнува низа настани кои го загрозуваат светот на Нела и се закануваат да ги разоткријат многуте жени чии имиња се запишани во нејзиниот дневник.
Во денешен Лондон, амбициозната историчарка Керолајн ја поминува осамено десетгодишнината од својот брак. Кога ќе најде старо аптекарско шишенце на брегот на реката Темза, поврзано со нерешените „аптекарски убиства“ што го прогонувале Лондон пред повеќе од два века, животот на Керолајн ќе се преплете со животот на Нела и Елајза во неверојатен пресврт на судбината...