Вдовецот Мукеш, откако ќе му почине сопругата, живее повлечен живот на улицата Илинг. Секоја среда пазарува, одви во храмот и се грижи за неговата внука Прија, која се повлекува во нејзината соба да чита, додека тој ги поминува вечерите гледајќи документарци.
Алиша е одлична ученичка, но анксиозна тинејџерка, која преку летото работи во локалната библиотека. Сосем случајно, открива стуткано парче хартија на крајот од книгата Да се убие птицата подбивница. Тоа е список со романи за кои таа не чула никогаш. Заинтригирана, а по малку и од здодевност поради бавното темпо на работа во библиотеката, таа импулсивно решава да ја прочита секоја книга од списокот, една по една. Секоја приказна е магија - книгите барем за момент ја оттгнуваат Алиша од болната реалност со која се соочува дома.