Се случи едно лето

Се случи едно лето

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
ден 500.00
Распродадено
Unit price
per 

Жешка летна романса што ќе ви ги разбранува сите сетила

Пајпер Белинџер е позната како кралица на забавите во Лос Анџелес чија единствена грижа е добро да изгледа и секојдневно да си го збогатува инстаграм-профилот со провокативни фотографии. Но кога една нејзина дива забава ќе излезе од контрола и таа ќе заврши зад решетки, нејзиниот очув донесува одлука – ја праќа во родното место на нејзините родители. Рибарското гратче Веспорт е нов свет за разгалената Пајпер, која се заинатува да докаже дека не е само празноглава убавица. Заедно со сестра ѝ почнуваат да го реновираат стариот бар оставен во наследство од татко им, откриваат нови работи за него, ја запознаваат баба си, се спријателуваат со мештаните, а особено со еден од нив – капетанот Брендан. Грижлив, искрен, посветен, вљубен – Пајпер никогаш не запознала таков маж. И никогаш со никого не доживела таква емотивна бура. Тие двајцата се како плус и минус, а тоа уште повеќе ја вжештува атмосферата. И кога по една расправија со него ќе реши да му се врати на гламурозниот живот, Брендан и градот полн со спомени веќе ѝ се прираснати за срце...

„Со оваа извонредна приказна Теса Бејли го освојува врвот на романсите.“ „Буклист“