Последната роза во Шангај

Последната роза во Шангај

Цена
ден 600.00
Цена со попуст
ден 600.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Номинирана за најдобра историска фикција на „Гудридс“ за 2022 година.
Во Шангај, окупиран од Јапонија, судбината и музиката, зближуваат младич и девојка од различни култури…
Во 1940 година, Аји е млада наследничка и сопственичка на поранешен популарен и гламурозен ноќен клуб во Шангај.
Ернест е еврејски бегалец што нема пари, протеран е од Германија и бара засолниште во град кој тешко прифаќа странци. Сите негови надежи се изгубени, сè до моментот кога ќе ја сретне Аји.
Аји го најмува Ернест да свири клавир во нејзиниот клуб, а нејзиниот пркос кон обичаите, предизвикува сензација. Неговата
инстантна слава, клубот на Аји повторно го прави, најжешкото место во Шангај. Потоа сфаќаат дека не споделуваат само
страст за џезот ‒ ама нивните разлики изгледаат непремостливи. Притоа Аји е свршена за друг маж. Како што војната ескалира, Аји и Ернест се разделени, а нивната дилема за избор меѓу љубовта и опстанокот станува очајна. Соочени со големи предизвици, следуваат случки што нивните животи ќе ги променат засекогаш. Од гламурозните џез-клубови, до сиромашните улици на градот под опсада, „Последната роза во Шангај“ е безвременска, неверојатна приказна за љубовта и простувањето.
„Потресна љубовна приказна на Вејна Даи Рандел. Создава
живописна слика за еден помалку познат дел од историјата на
Втората светска војна. Книга што не смее да се пропушти!“
‒ Кејт Квин
„Моќна приказна за врската помеѓу една богата наследничка од
Шангај и еден Евреин бегалец… читателите никогаш нема да ја
заборават.“
‒ Пам Џеноф