Остани безгрижен со Епиктет

Остани безгрижен со Епиктет

Цена
ден 280.00
Цена со попуст
ден 280.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Како да сфатам што зависи, а што не зависи од мене?

Не ми оди од рака и не ме исполнува она што го работам.

Како може да бидам послободен во животот?

Тешко ми е да ги одбивам луѓето. На крај, тоа мене ме повредува.

 

Некоја од овие мисли денес сигурно ти помина низ умот и ти создаде грижа. Се проценува дека дневно имаме околу 60 000 мисли. Замисли колку е уморна твојата душа ако поголем дел од оваа и онака голема бројка се негативни мисли. Ако е така, тогаш време е да настапат стоиците. Тие го имаат клучот што ќе те ослободи од кафезот на мислите што носат грижи.

Во оваа книга ќе видиме како размислувал Епиктет, робот кој станал еден од најголемите стоици во човештвото, за прашања кои се актуелни до ден-денес. Оваа книга ќе ти понуди:

  • 79 прашања за животот
  • 79 одговори од стоикот Епиктет втемелени врз неговата вековна уметност од книгите „Енхиридион – прирачник за доблесно живеење“ и „Разговори“

Ти си трагач. Си ги поставуваш прашањата за проблемите и мистериите на животот. Добиј го одговорот од самиот Епиктет. Исто како да е спроти тебе додека седиш на каучот преплавен со прекумерни мисли. Ова е книгата што ќе ги растера облаците. Отсега твојот ум ќе биде здраво место за живеење, а твојата душа – дом на спокојството.