ДАЛИ НАВИСТИНА ВЕРУВАТЕ ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ДОЈДЕ МОМЕНТ КОГА ЌЕ ИМАТЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА? Оливер Буркеман има јасна порака: тој ден никогаш нема да дојде. Наместо тоа, нуди филозофија на ослободување од совршенството, во која нашето ограничено време, неизвесната иднина и бескрајните обврски не се проблеми што треба да се решат, туку тие се наша реалност. Но и во таква реалност можат да процветаат смислата, мирот и радоста - токму тогаш кога ќе престанеме залудно да се обидуваме да ја покориме. Со својата препознатлива интелектуална прецизност, Буркеман открива како опседнатоста со продуктивноста почнала да управува со нашите животи - и како да се ослободиме од тој притисок. Секое од дваесет и осумте поглавја нуди нова перспектива и практичен чекор што можете веднаш да го испробате.