Мали огнови насекаде

Мали огнови насекаде

Цена
ден 270.00
Цена со попуст
ден 270.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Од најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи.
Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата.
Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница.
Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати.
„Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.