
Не постои едно среќно место на светот. Кога си тажен, насекаде е тажно. Но кога си среќен, среќно е секое место
Необично мудар роман за една неочекувана гостинка на свадбата...
Кога Фиби Стоун пристигнува во раскошниот хотел во Корнвол, времето е одлично и сосем соодветно за нејзиниот елегантен фустан и потпетиците. Сите веднаш помислуваат дека е една од поканетите, но таа е единствената гостинка што не е дојдена за големиот настан, туку зашто со години сонувала да дојде на ова место на зајдисонце, заедно со нејзиниот сопруг.
И ете ја, но сама. Решена да му стави крај на својот тажен живот. Во меѓувреме, невестата ги зема предвид сите детали што можат да ѝ ја уништат целонеделната свадба. Она што ја спречува катастрофата е начинот на кој овие две жени почнуваат да се запознаваат и да си се доверуваат.
Од апсурдно смешни до трогателно нежни моменти, комична и поразително нежна, оваа книга е нијансиран поглед кон кривулестите патеки на кои заскитуваме и кон случајните средби што имаат моќ да нè пренасочат. За да ги смениме одлуките и повторно да се вљубиме во животот. Роман кој ни докажува дека приказната може да биде убава не само заради крајот туку и заради начинот на кој е напишана.
„Доказ за магијата на случајните средби што го менуваат животот.“
Пипл
„’Луѓето од свадбата’ е толку длабоко вистинита што не се чувствува како роман туку како патоказ врз основа на кој треба да ја градиме својата личност. Совршен роман! Го обожавам!“
Кетрин Њумен