
„Лека ноќ, Ајрин“ од Луис Алберто Уреа е епска приказна за љубов, пријателство и надеж во најтешките времиња! Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и книга на годината според: Амазон, Киркус ривјус, Ен-пи-ер, Чикаго паблик лајбрери, Ен-би-си... Во традицијата на романите „Славејот“ и „Транскрипција“, епско дело за Втората светска војна што ги раскажува херојските подвизи на младата Ајрин во Црвениот крст, која преку пријателството со Дороти и љубовната врска со храбриот американски пилот Ханс, учи повторно да верува. Нејзината најголема надеж, која станува сè понеизвесна со секој нов ден, е сите тројца да ја преживеат војната.