Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
- Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
- Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
- Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
- Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.