Исповеди

Исповеди

Цена
ден 390.00
Цена со попуст
ден 390.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Добитничка на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса.

Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите.

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно.
Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.

Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.

За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

„Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса... напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)

„Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)