Има ли сè уште секс во градот?

Има ли сè уште секс во градот?

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат...

Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.

Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.