Драгоцено „упатство за употреба“ на нас самите и на другите луѓе
Дали разумно ги проценуваме работите или најчесто постапуваме според внатрешното чувство? Дали се чувствувам најдобро во друштво или кога сум сам? Дали обрнувам внимание на деталите или повеќе размислувам за поширокиот контекст? Ако правилно се проценуваме себе и другите, тогаш ги согледуваме сопственото и однесувањето на другите луѓе во сосема нова светлина.
Во „Запознај се себе и другите“ Штефани Штал утврдува шеснаесет основни типа личности. Врз основа на тестот за одредување на вашиот тип на личност, можете да го дознаете својот карактерен профил, како и профилот на блиските. Имајќи ги тие сознанија, ќе научите како да се однесувате со различните типови на личности, што ќе ве поштеди од стресот поради заемните недоразбирања и судири. Со своите практични примери и објаснувања, Штал ги олеснува меѓучовечките односи, а со тоа и целокупниот живот.
„Учењето за типовите личности придонесува за подобро разбирање меѓу луѓето, психолошки е засновано, мошне е интересно и забавно – ќе уживате!“
Штефани Штал