Жената од Париз

Жената од Париз

Цена
ден 490.00
Цена со попуст
ден 490.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Светот на Антоанета е уништен: нејзиниот сопруг, единствениот маж што го сакала, трагично загинува во несреќа. Тој беше нејзината карпа, човекот кому му се обраќаше кога и требаше љубов и поддршка, човекот кого го знаеше подобро од себеси. Или барем така мислеше.

Присуството на мистериозна русокоса девојка меѓу ужалените на погребот на лорд Фремптон ги изненадува сите. Кога таа, Федра Чанселор, открива дека е ќерка на Џорџ Фремптон и дека е наведена во неговиот тестамент, изненадувањето преминува во шок. Сепак, ја прифаќаат последната волја на Џорџ.

Федра, со својот оптимизам и животна мудрост успева да внесе свежина и да ги олабави затегнатите односи во семејството Фремптон. Со текот на времето, ја прифаќаат како ќерка, сочувствителна внука, сестра. И додека сите уживаат во друштвото на новодојдениот член на семејството, Федра се бори со товарот на голема тајна, чие откривање би можело повторно да ги растргне. Дали нејзиното зближување со Фремптонови е искрена потреба за семејна топлина или резултат на ниски страсти?