
Њујорк, 1998 година – парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата. По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето. Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет – видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.
Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува своја паралелна истрага и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.
„Девојчето во снегот”, продадена во милиони примероци, е совршен трилер кој ги менува правилата на жанрот. Кастиљо несомнено е нов феномен во европската литература.