Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

Цена
ден 470.00
Цена со попуст
ден 470.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Toj e сè што таа сака да избегне.
Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.

Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста.

BLACK FRIDAY НАЈДОБРА ПОНУДА: 🛒БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1600 ДЕН. ЗА СМЕТКА НАД 3000 ден. ДОБИВАШ КНИГА КАКО ПОДАРОК ПО СВОЈ ИЗБОР (од понудените во кошничката) Кодовите за попуст се пресметуваат на крајот на нарачката и важат за сите книги!