Младата руска новинарка Катја Фјодоровна, работи во локален весник во Санкт Петербург веќе подолго време, но длабоко во неа знае дека тоа за неа е само капка во морето. Желна за слава, мечтаејќи за живот во кој ќе ужива во нејзината популарност одлучува да го напушти локалниот весник и да проба да исплива во водите на новинарството во Москва. Откако нејзиниот сон се исполнува, Катја го напушта Петербург. Кога нејзината цел е остварена, кога славата е поблиску отколку што знае, таа добива задача да ја напише првата сторија за весникот „The Moscow Times“ и тоа во Алепо, Сирија. Запленета од поривот за успех, заминува за Алепо каде ја среќава Халала, девојка која е заложник на весникот за кој Фјодоровна работи. После неколку изминати денови во Алепо, таа сфаќа дека е сосема иста со Халала во многу нешта кои таа ги преживеала во минатото, но успешно ги крие не дозволовајќи тие сенки од минатото да ја уништат како оваа млада девојка.
По страотниот напад во хотелот каде Катја престојува нејзиниот животен терк се променува од корен. Сега, таа е во Париз, се обидува да сфати што се случило. Таа има нова задача сега. Мора да открие чие лице носи. Оваа мисија ја носи во Анеси, Франција каде го среќава Аљоша, човекот кој се обидува да застане на нозе после страотната несреќа која го снајде него и неговата мала ќерка. Овие два животи ќе се сретнат и ќе се обидат да се совземат, да застанат на свои нозе и да продолжат понатаму. Но, не е сè така розово. После големиот напор да го промени Аљоша, и во кој успева, таа заминува уште еднаш од него и сега дејството се сели во Скопје, парарелно во сегашноста и минатото, односно 1963, кога Скопје е погоден од силниот земјотрес. Таму, таа открива голема тајна, односно конечно ѝ се поврзуваат коцките од минатите, нејасни збиднувања поврзани, делумно и со својата сестра од која била разделена уште од мали нозе. Која е таа? Дали тие се едно?
Што е она што ќе го промени животот на Катја по кој знае кој пат? По враќањето во Анеси, Фјодоровна дознава уште една голема шокантна вест која ја срамнува со земјата. Не можејќи да се соочи со сè она што животот ѝ го сервира таа запаѓа во кома предизвикана од тумор на мозокот. Сега, Аљоша е оној кој мора да ѝ го промени животот на Катјушка, како што таа го измени неговиот, само доколку постои уште едно утре. Тој со секој нов ден ќе се обиде да ја пробуди и да ѝ ги исполне сите желби за кои немала време да ги реализра. Дали љубовта ќе биде доволно силна да ја разбуде или пак доволно моќна да ги спои и двајцата во бесконечноста? Дали нивната љубов ќе продолжи и после смртта? Има ли љубов откако душите ќе преминат?