Четврто крило

Четврто крило

Цена
ден 890.00
Цена со попуст
ден 890.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови

Дваесетгодишната Вајолет Соренгејл од мала се подготвува да влезе во Квадрантот на писарите, каде што ќе живее мирен живот, опкружена со книгите и историјата. Но нејзината строга мајка, генерал на воениот колеџ „Басгијат“, има други планови. На нејзина заповед, Вајолет им се придружува на стотиците кандидати кои сакаат да ја поминат опасната обука и да станат дел од кралската елита: јавачи на змејови.

Меѓутоа кога си ниска и кревка, смртта те демне зад секој агол… зашто змејовите не се поврзуваат со слаби човечки суштества – ги спалуваат. Освен тоа, многумина се подготвени да ја убијат, бидејќи кадетите желни за слава се побројни од змејовите кои се подготвени да се поврзат. А други пак, како Зејден Риорсон, бескрупулозниот и опасно привлечен крилен заповедник, би ја убиле само зашто го носи омразеното презиме Соренгејл.

Вајолет ќе мора да ја искористи сета своја итрина ако сака да го дочека изгрејсонцето. Со секој изминат ден, и војната станува cè пожестока, магичните штитови на кралството попуштаат и бројот на жртвите расте… А најлошото е што Вајолет почнува да се сомнева дека раководството крие ужасна тајна.

Пријатели, непријатели, љубовници. Сите во „Басгијат“ имаат сопствени мотиви и планови. Затоа што, штом ќе влезеш во Квадрантот на јавачите, постојат само два начина да излезеш: да дипломираш или да умреш.

Силата на храброста е поважна од физичката сила.