Службено патување

Службено патување

Цена
ден 520.00
Цена со попуст
ден 520.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ“ е возбудливо, незаборавно деби од авторката Џеси Гарсија.
Стефани и Јасмин истовремено немаат ништо заедничко, но имаат и многу работи што ги поврзуваат. Двете жени не се познаваат, но се среќаваат во ист авион. Стефани е на службено патување, а Јасмин бега од насилната врска. По неколку дена, и двете им праќаат идентични пораки на своите пријатели во врска со ист маж. Пораките стануваат сѐ почудни и сѐ понестабилни.
И потоа, двете жени исчезнуваат. Пораките престануваат, се појавуваат предупредувачки знаци, а паниката расте. Кога и Стефани и Јасмин се прогласени за исчезнати и во опасност, се појавуваат прашањата: Кој е Трент Мекарти? Што им направил на овие жени или што му направиле тие нему?
Пресврт по пресврт, слој по слој, ништо не е како што изгледа. „Службено патување“ ве води низ мрачниот ум на еден мајстор за манипулација. Но... кој си игра и со кого?
 
„Импресивно и зрело деби, со ликови во кои лесно ќе се пронајдете. Приказна од која не можев да се одвојам до доцна во ноќта. Браво!“
— Б.А. Парис, авторка на бестселерот „Зад затворени врати“
 
„Службено патување“ беше полна со пресврти од почетокот до крајот. Ми се допадна необичниот начин на кој е раскажана приказната, ја читав цел ден без да престанам затоа што едноставно морав да дознаам како ќе заврши!“
— Фрида Мекфаден, авторка на бестселери според New York Times