Сабота, 7:48 наутро. Ме буди ѕвонењето на телефонот. Главата ми пука, а стомакот ми се превртува од лошо претчувство. Синоќа ја прославивме мојата моминска вечер. До свадбата има уште две недели. Мамурна сум како никогаш досега... а покрај мене во креветот лежи непознат маж.
Се јавувам. Сузан е.
„Не знам како да ти го кажам ова, Меги... Енџи е мртва.“
Не можам да поверувам. Пред само неколку часа сите бевме заедно, танцувавме и се смеевме во клубот во центарот на градот.
Тоа требаше да биде мојата последна вечер како слободна девојка, помината со шесте мои најблиски пријателки.
Но, сега една од нас е мртва.
А една од нас можеби е убиецот.
И кој е човекот во мојот кревет?
По една бурна моминска вечер и премногу испиени пијалаци, Меги Трухарт се буди покрај непознат маж. Но, вистинскиот кошмар започнува кога добива телефонски повик: нејзината пријателка Енџи била убиена кратко откако девојките се разделиле претходната ноќ.
Кели Дилејни, која си заминала порано од забавата, прва се соочува со прашањата на детективот за убиства од Чикаго, Рон О’Рајли. Колку повеќе ги истражува жените што биле на моминската вечер, толку повеќе детективот сфаќа дека некои од нив кријат опасни тајни.
Додека свадбениот ден се приближува, шокантни вистини излегуваат на виделина, а убиецот го насочува вниманието кон уште една од девојките.
Дали ќе успеат да го запрат убиецот пред да има нова жртва?
Впечатлив психолошки трилер – совршен за фановите на Фрида МекФаден, Џенева Роуз, Луси Фоли, Лиан Мориарти и Шари Лапена.