Летните гости

Цена
ден 520.00
Цена со попуст
ден 520.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Од Тес Геритсен, авторката на бестселери од листата на „Њујорк тајмс“, ни доаѓа застрашувачкото продолжение на „Шпионскиот брег“, во кое членовите на клубот „Мартини“ се втурнуваат во потрага по исчезната тинејџерка која има необична врска со нивното сопствено минато.

Кога поранешната шпионка Меги Брд се пензионира во крајбрежното селце Пјурити, тоа што го бара е мирно да живее опкружена со прекрасни погледи. Но непријателите од нејзиното минато набрзо се закануваат дека ќе уништат сѐ.

Меги се избавува благодарние на својата духовитост и колективната интелигенција на клубот „Мартини“, како што се нарекува кругот на нејзините пријатели, поранешни вработени во ЦИА, во кој главно се занимаваат со пиење коктели и книжевни дискусии. Сепак, нивните активности го привлекуваат вниманието на младата шефица на полицијата Џо Тибодо. Сега Џо и нејзините соседи, поранешни шпиони, имаат незгоден сојуз.

Кога исчезнува тинејџерка, а соседот на Меги станува главен осомничен, Меги се вклучува во истрагата, решена да ја докаже невиноста на својот пријател. Но богатого семејство на исчезнатата девојка инсистира на апсење. Кога властите откриваат тело на одамна починат човек во блиското езерце, случајот станува двојно комплициран, со незамисливи врски и со долго закопани тајни.

Додека Џо се справува со две необјаснети мистерии, членовите на клубот „Мартини“ брзаат да ги разоткријат тајните… пред да загинат уште луѓе.

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1600 ДЕН. ✔️ Добиј ја „Исчезнат во лет“ од Одри Џ. Кол како ПОДАРОК за сметка над 2500 ден.