Проект: страст

Проект: страст

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Ако дваесеттите треба да бидат најдобрите години во животот, тогаш Бенет Тејлор катастрофално не успева… со голем акцент на „катастрофално“. Каде е таа животна искра за која сите зборуваат? Таа е привремена работничка во Њујорк, без насока, без иднина и без социјален живот. А, во болното срце на оваа безволност лежи тагата поради смртта на нејзината прва љубов.

Кога Бенет налетува на Хенри Адамс, само неколку часа откако го извисила и не се појавила на првиот состанок, таа признава поттикната од алкохолот: не е подготвена за љубов. Всушност, поминале години откако почувствувала страст за нешто. Ни керамика, ни спортови - ни ништо. Наместо да ја остави да тоне во размислувањето, Хенри гледа можност за авантура: Бенет треба да пронајде страст за животот, а тој ќе ѝ помогне да ја најде. Секоја сабота ќе пробуваат нешто ново во Њујорк. Како пријатели, се разбира.

Додека нивниот „проект за страст“ продолжува, двајцата ќе се соочат со сè - од дрводелство, до тетовирање и спуштање од облакодери, па Бенет ќе почувствува како нејзината заштитна обвивка полека се топи. Но, кога ќе излезат на виделина тајните, Бенет мора да одлучи што навистина сака и дали е подготвена да продолжи понатаму.

Со блескава духовитост, емотивна длабочина и смели авантури, „Проект: страст“ е разиграно и трогателно патување за повторно пронаоѓање на радоста, за среќата што ја бараме и за љубовта која доаѓа кога најмалку ја очекуваме.