Еден ден, откако доживеа нешто што длабоко jа вознемири и ѝ предизвика големо страдање, Барбара реши да најде засолниште во Париз. Се смести кај баба ѝ, Марго, со која беше посебно поврзана.
Едно утро во 2008 година, во годината кога снегот ја затрупа земјата, Барбара најде непознат, млад човек заспан на нејзиниот црвен кауч. Таинствениот фотограф, кој никогаш не правел фотографии на луѓе, ќе ѝ помогне во една неочекувана потрага. Заедно ќе ги откријат тајните на мами Марго, жената што ја преживеала окупацијата на Париз во Втората светска војна.
32 март е роман за борбата меѓу ужасот и убавината. Тоа е денот кога животот не дарува кога најмалку очекуваме. Хавиер Боск ни покажува дека вчерашните сенки се ризици на денешниот ден. Ни jа открива пропагандата како оружје за масовно заведување, и музиката како инструмент за спасение. И ни ја опишува застрашувачката сила на љубовта.