Совпаѓање

Совпаѓање

Цена
ден 490.00
Цена со попуст
ден 490.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди... „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.