Куќа од стакло

Куќа од стакло

Цена
ден 490.00
Цена со попуст
ден 490.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Роуз Баркли е деветгодишно девојче, кое, веројатно, е сведок на убиството на нејзината дадилка и кое, во екот на жестоката бракоразводна битка на своите родители, престанува да зборува. Стела Хадсон е адвокатка за најдобар интерес на детето, чијашто задача е да открие кој во семејството е жртва, а кој убиец. Но како да ја открие вистината кога сите лажат? Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство - многу порастроено. И куќата е морничава - се што во неа било направено од стакло, е заменето со пластика. Додека Стела се доближува до вистините кои Барклиеви очајно се обидуваат да ги скријат, опасноста се овкиткува околу неа како покров, а нејзините минато и сегашност се судираат на неочекуван начин. Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката. Дури и Роуз. Дали личноста што Стела треба да ја заштити... е токму таа од која треба да се заштити?