Замрзнатата река

Замрзнатата река

Цена
ден 690.00
Цена со попуст
ден 690.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Сеќавањето е лукава работа, се криви и извртува. Но хартијата и мастилото ја добиваат непристрасната вистина.

Кога реката Кенебек замрзнува заробувајќи еден човек во мразот, Марта Балард е повикана да го прегледа телото и да ја увиди причината за смртта. Како посветена бабица и исцелителка, таа знае сè што се случува зад затворените врати во Халовел.

Неколку месеци претходно ги документирала деталите за силувањето од двајца видни граѓани, од кои едниот сега е замрзнат. Ќе успее ли да ги докаже шокантното злосторство и убиството – со нејзиниот дневник во кој ги засведочува секое раѓање и секоја смрт, сите злосторства и казни во гратчето?

Овој мудар и слоевит роман за една извонредно храбра жена од крајот на 18 век, која оставила неспоредливо наследство, го тргнува превезот што ја сокрива вистината пред очите на правдата.

„Марта Балард не е само бабица од Мејн која никогаш не изгубила пациент. Таа е поборник за вистината и говорник за правда во време кога жените не можеле ни да сведочат на суд. Магична приказна со хероина од вистинскиот живот.“

Пипл магазин