Зандерс
Хокејот во Чикаго не е целосен без мене – јас сум играчот кого публиката обожава да го мрази. Ја знам својата улога и ја играм одлично. Всушност, навистина уживам додека го минувам најголемиот дел од играта во казнениот простор, пред да го напуштам мразот со различна девојка секоја вечер.
Но, она што не ми се допаѓа е новата стјуардеса во приватниот авион на нашиот тим. Таа работи за мене, а не јас за неа. Секако, ќе ја потсетувам на тоа и гарантирам дека до крајот на сезоната таа ќе моли да добие отказ.
Но, секое патување ги заматува границите и не можам да бидам сигурен дали со тоа што постојано го притискам копчето за повик на стјуардеса сакам да ја притиснам и неа до работ или можеби тука има нешто повеќе.
Стиви
Со години работам како стјуардеса. Мислев дека имам видено сѐ, но кога почнав да работам за најегоистичната и самобендисана дива во НХЛ, почнав да се сомневам во сѐ. Дури и во ветувањето кое си го дадов самата на себе дека никогаш повеќе нема да се сплеткам со спортист... без оглед на неговиот неодолив изглед.
Еван Зандерс не знае за филтер, не се извинува и е премногу згоден. Заљубен е во сопствениот имиџ, но јас мразам сѐ во врска со него.
Сѐ освен него.