Сė е возможно кога некого сакаш премногу.
Елени, триесет и тригодишна девојка од Чикаго, изневерена од своето момче Дон, се наоѓа пред привлечна животна одлука. Наградата, која случајно ја добива преку апликацијата „Инстаграм“,ѝ отвора многу прашања. Дали да остане во својата комфорна зона во дождливото Чикаго или да остави сè зад себе и да се впушти во возбудлива авантура на другиот крај од светот, во сончевото Позитано, и да присуствува на тримесечна обука за готвење со десетици непознати луѓе.
Популарната италијанска песна „Sarà perché ti amo“, која ја слуша на радиото во автомобилот, и ограбената галерија за уметнички слики каде што работи веќе неколку месеци се двата знака што ѝ помагаат полесно да ја донесе одлуката. Новиот живот во Позитано ќе ѝ биде исполнет со многу комични и возбудливи настани, кои ќе ѝ го променат животот од корен.
„Љубов, море и лимончело“ е романтичен крими-роман, кој нема да ве остави рамнодушни и ќе ве однесе во светот на Елени исполнет со многу забава, необична љубов, многу интриги и измами и, најверојатно, ќе го прочитате во еден здив