Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?
Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.
Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.
Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.