
Третиот и последен дел од романтичната сага преполна со интриги и изненадувања ќе ве остави без здив.
Врската на Ноа и на Ник поминува низ најтешките моменти и се чини дека веќе ништо нема да може да биде како порано. Ноа е виновна, а Ник не може да ѝ прости, ниту да ѝ даде втора шанса. Но судбината има поинакви планови и тие повторно ќе се сретнат. Во една вртелешка од емоции и случувања ќе мора да ги надминат новите предизвици за да откријат на крај дали се, навистина, создадени еден за друг или е токму спротивното. Единствено решение за нив е да се разделат. Дали е воопшто возможно да се заборави толку силна љубов, толку опасна страсна врска? Како се бришат чувствата што се врежани во срцето? Љубовта не е секогаш доволна, ниту прошката е решение што може да ја поправи ситуацијата и да врати сè на стариот колосек. Дали тие двајца ќе бидат во состојба да го остават минатото зад себе и да почнат од почеток? До каде се подготвени да одат Ник и Ноа?