Е, баш ме заболе: Дневник

Е, баш ме заболе: Дневник

Цена
ден 360.00
Цена со попуст
ден 360.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Од авторот на најпродаваните книги од популарната психологија кај нас, „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ и „Сè е за*бано – книга за надежта“, ни доаѓа интерактивен дневник замислен како дополнување на неговите книги.

__________________________________________________________________________

 

Со сета острина на изразите на Марк Менсон и неповторливиот глас што јасно ви дава на знаење што е „обесување“, а што искрен говор, овој дневник не е дополнителна обврска „еднаш дневно“ или „еднаш неделно“. Можете да го користите кога и да посакате, во ритам што ви одговара вам. А можете и да си кажете: Е, баш ме заболе, и да го оставите некое време, па да му се навратите кога ќе ви текне.


Дневникот е поделен во пет поглавја што ги изразуваат главните теми на книгата „Е, баш ме заболе“ и ви дава практични насоки како да ги разрешите најдлабоките прашања за емоциите што ве опседнуваат, вредностите за кои се борите, но и целите поради кои го правите сето тоа. Со вежбите што ви ги нуди, прашањата на кои треба да одговорите и концизните совети, Менсон има само една цел: да се изборите со себе за она што е навистина важно во вашиот живот, покажувајќи ви како клучните моменти – и трагични и комични се можност за раст (а понекогаш и причина за добро смеење).


Оние што уживаа во „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ овде ќе пронајдат надградба, освежување и идеи од книгата претворени во конкретна акција.