Љубов во Рим

Љубов во Рим

Цена
ден 490.00
Цена со попуст
ден 490.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одржување на нејзиниот имиџ како „поп принцеза“. Па инспирирана од омилениот филм со Одри Хепберн, Празник во Рим, влегува во својот автомобил сред ноќ и заминува на мал одмор во Рим… во Рим во Кентаки.

Кога Ноа ја наоѓа Амелија во својот двор откако ѝ се расипува колата, тој јасно ѝ дава до знаење дека нема ни време, ни трпение за проблемите на славните. И онака е премногу зафатен со водење на бизнисот оставен од баба му и константното потсетување на љубопитните соседи да си ја бркаат својата работа. Но и покрај тоа што знае дека не е паметно, ѝ дозволува да отседне во неговата гостинска соба – но само додека да ѝ ја поправат колата. Потоа нека прави што знае.

Но тогаш Ноа почнува да гледа поинаква страна од Реј Роуз – таа е Амелија: добродушна и откачена, сепак осамена од годините поминати под лупата на јавноста. Посилно е од него, не може да не се зближи со неа. Таа наскоро ќе мора да се врати на својот гламурозен живот и турнејата, но во меѓувреме, Ноа ќе ѝ ги покаже сите прекрасни страни на својот мал град, сите искуства кои ги пропуштала, а таа ќе му помогне повеќе да го отвори срцето. Амелија не може да не го засака малото гратче и намќорестиот туристички водич, но дури и Одри мораше да го напушти Рим на крајот.