Хари Потер и Полукрвниот принц 6

Хари Потер и Полукрвниот принц 6

Цена
ден 850.00
Цена со попуст
ден 850.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дамблдор доаѓа да го земе Хари уште за време на летниот распуст; една од неговите дланки е поцрнета и сува, но Хари не дознава зошто. Сепак, во тој момент почнува нивната заедничка мисија: да се влезе во темното минато на Лордот Волдеморт и да се открие неговата најдлабока тајна. Во меѓувреме, пак, волшебничкиот и маголскиот свет се во хаос. Секојдневно исчезнуваат волшебници и обични луѓе, присуството на дементорите се чувствува насекаде, а министерствата на двата света се на работ на пропаст – знаци дека полека но сигурно Мрачниот господар ја наметнува својата власт. Дури и Хогвортс – најбезбедното место на светот – веќе не може да ја гарантира сигурноста на своите ученици. Силите на доброто и злото веќе длабоко се навлезени во отворена војна.


„Хари Потер и Полукрвниот принц“ е шестиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.