Страниците што недостигаат

Страниците што недостигаат

Цена
ден 590.00
Цена со попуст
ден 590.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Хари Вајднер се качува на Титаник, стискајќи ја цврсто непроценливата книга што неодамна ја купи во Лондон. Откако хаосот ќе го погоди бродот, последните познати зборови на Хари се дека мора да се врати во својата кабина и да си го земе богатството. Ама, никој веќе нема да ги види ни младото момче, ни книгата. Во негова чест, мајка му ја гради Меморијалната библиотека Хари Вајднер на Харвард, за да го зачува споменот на својот син и да ја смести неговата обемна збирка книги.

Децении подоцна, Вајолет Хачинс, студентка во втора година на Харвард, закрепнува од сопствена голема загуба, па почнува да работи во библиотеката Вајднер како помошник. Кога ќе почнат да се случуваат чудни работи – книги да паѓаат од полиците или сами од себе да се отвораат на случајни страници – Вајолет почнува да се прашува дали можеби духот на Хари од другиот свет се обидува да ѝ ги пренесе деловите од неговата историја што недостигаат.