Пакет за целосна промена

Пакет за целосна промена

Цена
ден 1,119.00
Цена со попуст
ден 1,119.00
Цена
ден 1,280.00
Распродадено
Unit price
per 

 

„Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ од Џадсон Бруер 

Живееме во еден од најанксиозните периоди во човечката историја. Соочени со општествени проблеми, како што беше ковид-пандемијата, или со лични проблеми што нè наведуваат на алкохол, цигара или храна, ние постепено ја губиме контролата. Денес речиси сè се подведува под анксиозност, од вознемиреност до паника. Таа поттикнува низа зависни однесувања, од прекумерно јадење до неразумно користење на социјалните мрежи. Д-р Бруер нè учи да го мапираме својот мозок за да ги откриеме нејзините предизвикувачи, да ги смириме со едноставната и моќна практика на љубопитност и да ја надминеме користејќи свесност и други докажани алатки.

Револуционерна програма со одлични совети и корисни упатства што секој може да ги следи за да се чувствува подобро.
 

„Ставот е сѐ“ од Џеф Келер

Оваа книга е упатство за успех што ги насочува читателите како чекор по чекор да преземат контрола над нивните животи и да го достигнат својот неверојатен потенцијал. Оваа книга е вечен класик во областа на самопомошта. Лесна книга и забавна за читање, која ќе ве наполни со енергија и ќе ве натера да согледате нови можности за лична трансформација.  

Патот до посреќен и поуспешен живот започнува со вашиот став. Добрата вест е дека вашиот став е под ваша контрола. 
„Фокусирај се на она што е важно“ од Дариус Форо

Зошто е толку тешко да се живее добро среде хаосот и бучавата? Иако можеби мислите дека ова е проблем на современиот свет, тоа прашање постоело отсекогаш.

„Фокусирај се на она што е важно“ е инспирирана од оригиналните дела на стоичкиот филозоф Сенека. Писма кои служат како потсетници за да се фокусираме на вистинските работи во нашиот хаотичен живот. Ќе ви покаже:
- Едноставни мисловни вежби за да станете отпорни и фокусирани
- Како да живеете во сегашниот момент секој ден
- Автентични стоички вредности за живот исполнет со среќа
- Начин да изградите поголема дисциплина