Присестра

Присестра

Цена
ден 390.00
Цена со попуст
ден 390.00
Цена
ден 450.00
Распродадено
Unit price
per 

Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв.

Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.

Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре.

Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка.