Уникатна едиција за нај, најмалите…
Сензорните црно-бели книги се специјално изработени за новороденчиња и бебиња. Содржат едноставни црно-бели илустрации со остри линии и контури, кои имаат способност да го зграпчат вниманието на бебето. Остриот контраст им олеснува на бебињата да се фокусираат и да ги следат сликите. Првите неколку месеци од животот на бебињата се од суштинско значење за развојот на нивниот вид. Новороденчињата се раѓаат со неразвиен вид, но нивната способност за перцепција на светот околу нив и за процесирање на визуелните информации брзо се подобрува во текот на следните неколку месеци. Докажано е дека сликите со висок контраст, особено црно-белите слики, се навистина ефикасни за привлекување на вниманието на бебето и развој на визуелниот систем.
– го стимулираат визуелниот кортекс, помагајќи им на бебињата да остварат нервни врски неопходни за визуелна перцепција и внимание.
– раната визуелна стимулација е од клучно значење за нивниот когнитивен развој.
– визуелна стимулација на фокус кој помага за развивање на вештините за концентрирање и набљудување.
– одлична можност на родителите да развијат рана и значајна врска со своето дете. Заедничките моменти поттикнуваат воспоставување на подлабока емоционална врска и го поддржуваат развојот и растот на детето во општеството.
– можност за рана едукација со откривање на едноставни форми, шеми, животни, предмети, која ќе биде основа за иден развој на способноста за говор и учење.
Бројни студии од областа на детската психологија и невронауката ја поддржуваат ефикасноста на црно-белите визуелни стимули кај бебињата. Истражувањата укажуваат дека овие облици и фигури најсилно се врежуваат во ретината на бебето, која праќа посилни сигнали до мозокот. Овие сигнали значат побрз раст на мозокот и побрз развој на видот. Сите докази укажуваат дека овие книги имаат позитивно влијание врз визуелниот и когнитивниот развој во првите неколку месеци.