Откако знае за себе, Евангелина Фокс верува во вистинска љубов и среќен крај… сѐ додека не дозна дека љубовта на нејзиниот живот ќе се ожени за друга.
Изневерена и очајна, таа ќе се обиде да ја спречи венчавката и да го излечи своето скршено срце. Евангелина склучува договор со харизматичниот, но злобен Принц на срцата. Тој за возврат бара три бакнежи – да му ги испорача штом тој ќе заповеда и каде што ќе посака. Меѓутоа, Принцот на срцата има скриени планови за Евангелина – планови што ќе завршат или со најсреќниот крај, или со најужасната трагедија…
Голем хит што го освои светот.