✨ Најдобрите психотрилери што ќе ти влезат под кожа…
Приказни полни со тајни, пресврти и моменти кога ќе се запрашаш: „Што всушност се случува?“
📚 „Службено патување“ и „Мојот драг маж“ за само 1000 денари
🚚 Бесплатна достава
Ако сакаш приказни полни со пресврти и мистерии – ова е пакет за тебе.
Кратка содржина за „ Службено патување“
„СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ“ е возбудливо, незаборавно деби од авторката Џеси Гарсија.
Стефани и Јасмин истовремено немаат ништо заедничко, но имаат и многу работи што ги поврзуваат. Двете жени не се познаваат, но се среќаваат во ист авион. Стефани е на службено патување, а Јасмин бега од насилната врска. По неколку дена, и двете им праќаат идентични пораки на своите пријатели во врска со ист маж. Пораките стануваат сѐ почудни и сѐ понестабилни.
И потоа, двете жени исчезнуваат. Пораките престануваат, се појавуваат предупредувачки знаци, а паниката расте. Кога и Стефани и Јасмин се прогласени за исчезнати и во опасност, се појавуваат прашањата: Кој е Трент Мекарти? Што им направил на овие жени или што му направиле тие нему?
Пресврт по пресврт, слој по слој, ништо не е како што изгледа. „Службено патување“ ве води низ мрачниот ум на еден мајстор за манипулација. Но... кој си игра и со кого?
„Импресивно и зрело деби, со ликови во кои лесно ќе се пронајдете. Приказна од која не можев да се одвојам до доцна во ноќта. Браво!“
— Б.А. Парис, авторка на бестселерот „Зад затворени врати“
„Службено патување“ беше полна со пресврти од почетокот до крајот. Ми се допадна необичниот начин на кој е раскажана приказната, ја читав цел ден без да престанам затоа што едноставно морав да дознаам како ќе заврши!“
— Фрида Мекфаден, авторка на бестселери според New York Times
Кратка содржина за „Мојот драг маж“
Џејд и Кам Ласки во секој поглед се среќен брачен пар со две прекрасни деца, простран дом и бизнис со ресторани што расте се побрзо. Но, нивниот свет се превртува за сто и осумдесет степени кога Џејд се соочува со маскиран провалник во домот. Додека Кам се бори да ги собере парите за откуп, Џејд почнува да се прашува дали се толку финансиски стабилни како што налага нивниот начин на живот и кои други тајни нејзиниот маж ги крие од неа.
Кам можеби е добар татко, славен готвач и сакан сопруг, но една тајна што тој ја крие од Џејд, го става целото семејство во опасност. Без Кам и Џејд да знаат, провалникот ги гледа и се подготвувада ги претвори нивните семејни тајни во јавен скандал…