
Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.
Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.
Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.